Еквадор ги укина дополнителните мерки за безбедност во амбасадата во која се крие Асанж

Еквадор објави дека ги укинува дополнителните мерки за безбедност воведени во амбасадата во Лондон каде што се наоѓа основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, а кои ги воведе владата на Рафаел Кори (2007 – 2017).

„Претседателот Ленин Морено нареди итно укинување на дополнителните мерки во амбасадата на Еквадор во Лондон“, изјавил портпаролот на претседателот. Додал дека отсега мерките за безбедност се слични на оние кои се на сила во останатите амбасади на Еквадор во светот.

Шефот на државата реагираше откако британскиот дневник „Гардијан“ објави анкета остварена во соработка со „Фокус Еквадор“ во која се тврди дека владата на Еквадор го угостила Асанж пружајќи му азил, но и дека го шпионирала.

Австралиецот Асанж (46) побегна во амбасадата на Еквадор во 2012 година за да избегне екстрадиција во Шведска каде што од 2010 е обвинет за силување.

Британскиот весник тврди дека самиот Асанж успеал да влезе во информативниот систем на амбасадата каде пресретнал службена и приватна комуникација.