Хрватска го презеде претседавањето со Советот на Европа

Хрватска од денеска го презеде претседавањето со Советот на Европа, првпат откако стана негова членка пред 22 години. Хрватска го презема претседателството од Данска, а по шест месеци ќе ѝ го отстапи на Финска.

Во моментот Советот на Европа има 47 членки – сите земји во Европа, со исклучок на Белорусија.