Полицијата соопшти: Уапсен е Е.Б.

Приведување на Деве Баир.

На 17.05.2018 година во 07.05 часот на Граничен премин „Деве Баир“, при пасошка контрола, полициски службеници се посомневале дека патната исправа на Е.Б. (30) од Република Албанија била фалсификувана.

Тој бил лишен од слобода и во 10.10 часот бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.

извор МВР.