Заев и Анѓушев на трибина за младите во Струга

На летната тераса во хотелот „Дрим“ во Струга денеска во 15 часот ќе се одржи трибина со наслов „#МладиМКЕУ – можности без граници“, на која говорници ќе бидат претседателот на Владата, Зоран Заев, вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, и вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи.

На настанот, освен обраќањата на говорниците, ќе има и отворена дискусија со публиката во врска со можностите од влезот на Република Македонија во Европската Унија што се отвораат за младите и нивните перспективи.