Ѓорчев во Стејт департментот ги критикувал политичките и економските состојби

Меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев, во Вашингтон остварил средба со Сузан Фалатко, заменик-на бирото за Јужна и Источна Европа во американскиот Стејт департмент, соопшти партискиот Центар за комуникации.

„Во текот на разговорот стана збор за стратешкото партнерство помеѓу Македонија и САД, како и за актуелните прашања поврзани со НАТО-интеграцијата на Македонија. На средбата пратеникот Влатко Ѓорчев ги истакна загрижувачките процеси во Македонија поврзани со политичкиот прогон, состојбата со медиумските слободи и влошувањето на економската состојба. Воедно, Ѓорчев се сретна со претседателката на „Херитиџ фондацијата“, Кај Колс Џејмс, заблагодарувајќи се за долгогодишната улога на „Херитиџ“ во промоцијата на македонско-американските односи користејќи го уставното има на Македонија. Фондацијата „Херитиџ“ е меѓу водечките тинк-тенкови во Вашингтон, блиска до Републиканската партија“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.