И јужнокорејските новинари ќе присуствуваат на уништувањето на севернокорејскиот нуклеарен полигон

Осум јужнокорејски новинари се на пат кон Северна Кореја откако Пјонгјанг им дозволи да се придружат на малата група странски новинари кои ќе го следат уништувањето на полигонот на кој Северот изведува нуклеарни тестирања.

Уништувањето, на локацијата Пунгјуе-ри, каде што се случија сите шест нуклеарни тестирања на експлозии на нуклеарни бомби, би требало, како што се очекува, да се случи утре или в петок, во зависност од временските услови.

Северна Кореја утрово го прифати списокот на јужнокорејските новинари. Репортери од други земји вчера пристигнаа во севернокорејскиот град Вонсан, каде што чекаат да бидат однесени на локацијата каде што ќе биде извршено уништувањето.

Базата Пунгјуе-ре се наоѓа во североисточниот дел од земјата. Уништувањето на полигонот треба истовремено да ги постави и темелите за состанок меѓу севернокорејскиот лидер Ким Џон-ун и американскиот претседател Доналд Трамп, кој е закажан за 12 јуни во Сингапур.