Инстаграм воведува опција која ќе им се допадне на многумина

Инстаграм неодамна ја претстави новата опција која на корисниците конечно ќе им даде можност да изберат чии фотографии и видеа ќе им се појавуваат на почетната страница. Тоа значи дека корисниците наскоро ќе добијат можност да им направат „hide“ на нивни пријатели без притоа да мора да ги отследат.

Добрата работа е тоа што оние чии објави ќе бидат отстранети нема да добијат известување за тоа.

Фејсбук веќе со години ја има оваа опција, а корисниците на Снепчет ја добија оваа можност годинава преку опцијата „do not disturb“.

Како да ја искористите оваа опција доколку сте корисник на Инстаграм?

Кога ќе видите објава на некој чии фотографии и видеа повеќе не сакате да ви се појавуваат, кликнете на трите точки во горниот десен агол. Ќе се отвори опцијата „mute“. Ако се предомислите, едноставно треба да ја отштиклирате опцијата „mute“.