Трагедија: Мртов е пронајден Г.Ш.

Машки труп бил извлечен вчера од водите на река Вардар во село Сараќино, тетовско.

Според информациите на МВР, вчера околу 13.15 часот, М.К. (65) од село Сараќино пријавил дека во реката Вардар имало заглавено тело на машко лице. Полициски службеници извршиле увид на местото и констатирале дека се работи за лицето Г.Ш. (91) од село Стримница, кој на 17 мај бил пријавен за исчезнат.

Лекар од судска медицина извршил преглед над телото и констатирал дека нема траги на насилство. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на семејството.