Фармер убил мистериозно суштество, научниците запрепастени: Немаме поим што е ова (Фото)

Еден фармер во Монтана убил мистериозно суштество откако го забележал во близина на својата стока. (Фото: Твитер)

Сепак, надлежните велат дека не станува збор ниту за волк, ниту за куче.

„Нема да знаеме додека не стигнат ДНК резултатите“, изјавил Брус Ошли, портпарол на Одделението за риба, диви животни и паркови Монтана (FWP).

Една од теориите е дека се работи за животно кое настанало со вкрстување на волк и куче. Според други теории, се работи за млад гризли или хибрид којот.

FWP соопшти дека станува збор за женка која припаѓа на семејството кучиња. Тоа вклучува кучиња, лисици, којоти и волци.

Инаку, ловот на волци е дозволен во оваа сојузна американска држава, па така сите граѓани имаат право да убијат волк кој ќе се најде на нивниот имот.

Според проценките на стручњаците, ширум Монтана моментално живеат околу 900 волци.