Немирна ноќ во охридско: Серија потреси ги вознемирија жителите

Тлото во Охридско-преспанскиот регион не мируваше синоќа околу полноќ.

Синоќа повторно земјата се тресеше во преспанаско-охридскиот регион и тоа во неколку наврати.

Првиот земјотрес според ЕМСЦ беше почуствуван во 00 часот и 50 минути на четири километри од Косел, а беше со јачина од 3.2 степени според рихтер.

Потоа следуваа уште два земјотреси едниот само десет минути подоцна односно во 1 часот по полноќ со јачина од 3.2 степени, додека другиот со јачина од 2.6 степени според рихтер во 1 часот 22 минути.