Посебен сообраќаен режим во Охрид поради годишнината на Охридската архиепископија

Полицијата за денеска и утре најави посебен сообраќаен режим во Охрид, по повод 1000 годишнината од постоењето на Охридската архиепископија.
Посебниот режим ќе започне денеска во 9 часот и ќе трае до 12 часот во текот на утрешниот ден.
СВР Охрид соопшти дека целосно затворени за сообраќај за моторни возила ќе бидат улицата „Абас Емин“ со булевар „Туристичка“ , улицата „Кирил и Методиј“, паркинг просторот кај „Горна порта“, улицата „Кузман Капидан“, „Илинденска“, „Коста Абраш“, кон кружната крстосница со кеј „Македонија“. Возилата ќе бидат пренасочувани по кеј „Македонија“, а на овој потег е забрането паркирање на патнички и други моторни возила.