Вознемирувачка снимка ги шокира сите: Самоубиство после сообраќајна несреќа

Надзорна камера утрово снимила шокантен настан на мост во Сочи, Русија.

На снимката се гледа автомобил „Хјундаи“ кој после сообраќајна несреќа запира во оградата на патот.

Возилата од спротивниот правец успеваат да го избегнат автомобилот и се чини дека несреќата ќе помине без потешки последици. А потоа шок…

Возачот излегува од автомобилот, ја прескокнува оградата и скока од голема височина.

Локалните медиуми јавуваат дека жртвата е 35-годишник од Санкт Петербург кој починал на местото на инцидентот.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Видеото е со вознемирувачка содржина