Драматична снимка: Маж скокнал од четврти кат, пожарникар го фатил во лет кат подолу (Видео)

На Фејсбук е објавена драматична снимка од спасувачка акција во Латвија.

Тамошните пожарникари и надлежни служби добиле повик да се обидат да спасат маж кој се подготвува да скокне од прозор на четврти кат.

Знаеле дека ако упаднат во станот, само ќе го забрзаат самоубиецот да го изврши очајничкиот потег. Наместо тоа влегле во станот еден кат подолу.

Еден од пожарникарите излегол на прозор и го направил невозможното – во лет го фатил мажот кој паѓал од четвртиот кат, а потоа со помош на колега го внел на безбедно.

Министерството за внатрешни работи на Латвија најави дека ќе ги награди вработените кои ја извеле храбрата акција за спасување човечки живот.