Драматично видео: Снимен напад на голема бела ајкула

Фасцинантна снимка прикажува како би изгледало кога би се нашле во устата на голема бела ајкула.

Истражувачите добиле многу повеќе материјал отколку што очекувале кога голема бела ајкула проголтала една од подводните дрон-камери за истражување на морскиот свет во Пацификот.

Камерата наречена Тридент продолжила да снима и во устата на предаторот, а снимката прикажува напрегање на мускулите на вилицата, додека ајкулата се обидува да го изџвака уредот.

Животното на крај ја плукнало камерата, и отпливало понатаму, пишува Дејли Мејл.

Камерата се уште работи, а видеото го снимил Доминик Фрек, софтверски инжинер и истражувач на Национална географија.