Нов тест на крвта детектира рак години пред болеста да се појави

Нов тест на крв може да детектира одредени видови канцер неколку години пред лицето да се разболи и веќе сега се гледа како на значаен напредок во медицината, пишува британски Дејли Телеграф.

„Ова откритие покажува дека истражувачите се на праг на нова ера во областа на медицината“, рекол Симон Стивенс, главен извршен директор на Националната здравствена служба на Англија.

Со тест на 1.400 пациенти утврдена е 90 отсто точност на процедурата со која се идентификуваат ДНК маркери.

Се верува дека овој тест ќе стане меѓународно достапен во наредните пет години.

„Новите технологии во прецизна рана дијагностика во огромна мера ќе ја зголемат стапката на преживување“, рекол Стивенс, додавајќи дека Англија е лидер во примената на медицински технологии на иднината и таканаречената персонализирана медицина која ќе го трансформира лечењето рак.