Четворица мажи силувале девојка, па ја претепале до смрт

Надзорни камери снимиле четворица мажи како изнесуваат пијана и наводно дрогирана девојка од клуб на Тајланд. Потоа ја силувале и ја убиле, јави Дејли Мејл.

Нонг Гифт (21) го гледала финалето на Лигата на шампиони со пријателите минатата сабота во Чантабури. Наводно се онесвестила во клубот, а нејзини роднини тврдат дека била дрогирана.

Околу 2 часот утрото четворица мажи, од кои еден го познавала, ја одвеле во градина и таму, како што наведува Дејли Мејл, ја силувале и ја убиле.

Четворицата мажи го признале злочинот во полиција. Полицискиот заповедник Чарн Џитџун изјавил дека жртвата е пронајдена мртва истата ноќ кога четворката го признала злочинот.

– Жртвата била силувана од четворица мажи и веруваме дека истите ја тепале додека не починала, рекол тој.