На агент на ФБИ му испаднал пиштолот додека танцувал, куршумот погодил човек (Видео)

Неверојатна ситуација се случила на една забава во Денвер.

Имено, агент на ФБИ танцувал во бар кога му испаднал пиштолот. Во намера да го подигне, случајно испукал и ранил еден гостин.

Агентот сега се наоѓа под истрага бидејќи неговиот пиштол испукал додека танцувал, а во моментот на несреќата не бил на должност.

Покрената е истрага, а се уште не е познато дали агентот ќе се соочи со тужба.

Ранетиот маж е префрлен во болница, каде му се констатирани лесни повреди.