„Мајкрософт“ ја купува платформата „Гитхаб“ за 7,5 милијарди долари

Софтверскиот гигант „Мајкрософт“ ја купува платформата „Гитхаб“3 за 7,5 милијарди долари. Станува збор за платформа на која програмерите поставуваат кодови за програми и ги тестираат.

Платформата „Гитхаб“ е поставена во Сан Франциско во 2008 година, а од 2012 година, по првата надворешна инвестиција, почна нагло да расте. Сега има околу 27 милиони програмери од целиот свет што ја користат платформата за размена на кодови и за развивање идеи. Платформата е бесплатна за опен сорс-проекти, а некои програмери и компании плаќаат за пристап до базите со кодови.

„Мајкрософт“ соопшти дека очекува до крајот на годината да биде склучен договор со кој на „Гитхаб“ ќе ѝ плати 7,5 милијарди долари во акции.