Садел компири, па пронашол череп: Веднаш и кажал на жената, а нејзиниот одговор го шокирал

Маж, кој додека садел компири пронашол човечки череп, останал целосно шокиран кога истрчал да и јави на жената што пронашол.

60-годишната жена од Русија останала смирена и му рекла „Не се грижи, тоа е мојот прв маж“, пренесе The Mirror. „Закопај ги остатоците повторно, заборави го ова и не кажувај на полицијата“, додала таа.

Неименуваната жена најпосле признала дека пред 21 годиниа својот прв маж за време на караница го удрила со секира и го закопала во градината. Жената тврди дека реагирала во самоодбрана кога 52-годишниот маж стигнал дома пијан и почнал да ја тепа.

Откако го убила, раскажала дека отишол на работа и никогаш не се вратил, а потоа мирно продолжила со животот и повторно се омажила.

Черепот и коските неодамна ги пронашол нејзиниот втор маж на нивниот имот во Лузин, село во југозападен Сибир.

Нејзиното барање да заборави и да не каже во полиција тој го игнорирал и набрзо го пријавил злочинот.

Жената моментално се наоѓа во домашен притвор, а е соочена со обвинение за намерно убиство за што максимална казна е десет години затвор.