Фото: Средба од две минути, Иванов најавува итна прес конференција

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска ги прими претседателот на Владата на Република Македонија, г. Зоран Заев и министерот за надворешни работи на Република Македонија, г. Никола Димитров.

– Информираме дека средбата траеше две минути. Во текот на денешниот ден претседателот Иванов ќе има обраќање до македонскиот народ и граѓаните на Република Македонија, соопштија од претседателскиот кабинет.