Пожар на грчки остров, евакуирани 70 туристи

Голем пожар избувна во боровите шуми на грчкиот остров Алонисос, на источното грчко крајбрежје, при што беа евакуирани 70 туристи од хотел во близина на опожарената шума.

Седумнаесет пожарникари со два хеликоптера и четири возила сè уште се борат целсоно да го изгаснат огнот.

Градоначалникот на островот за грчките медиуми изјави дека пожарот бил подметнат, а досега изгореле 50-60 хектари борова шума.