Вечерва демонстрации во Скопје – полицијата приведе десетина лица во протестите синоќа

Втор ден протести пред Собранието на Република Македонија поради договорот со Грција за решавање на спорот за името. Поради протестот на здруженија на граѓани, блокиран е булеварот „11 Октомври“ пред собраниската зграда, каде е поставен полициски кордон.

Тие побараа да прекинат сите активности за промена на името и Уставот, што според нив е штетно за државата. Некои пееја патриотски песни и го извикуваа името на претседателот Ѓорге Иванов.

За време на вчерашниот протест беа приведени 10 лица поради нарушување на јавниот ред и мир.(Makfax)