Поранешна ескорт дама тврди: Спиев со милион мажи, ми купуваа и автомобили

Триесет и двегодишната Кат Ли од Манчестер тврди дека во животот спиела со милион мажи за пари. Со ескорт почнала да се занимава на 18 години, откако снимила голи фотки со својата сестра близначка.

„Имав повеќе од милион клиенти. Почнав како тинејџерка. Сè започна кога сестра ми и јас се соблековме за еден магазин. Подоцна фотографот ни рече дека би биле добри во филмови, бидејќи сме близначки“, раскажува таа.

По 15 години работа, Кат ја напуштила долгогодишната работа за да се занимава со хуманитарна работа, а воедно работи и во еден локален паб, пренесе Мирор.

„Чудно ми е бидејќи постојано размислувам како можев да работам еден час за 140 фунти, а сега толку часа за по 7 фунти“, вели таа. „Кога бев ескорт ми купуваа автомобили и ми плаќаа летувања, а сега добивам само 20 отсто бакшиш“, се жали таа.

„Мојот типичен ден порано почнуваше во девет наутро. Луѓето го сакаат утрото бидејќи сакаат да се опуштат пред работа. Никогаш не би знаела кога ќе биде најголемата гужва, но воглавно тоа беше навечер и после работа, околу 18 часот и во неделите околу 15 часот“, тврди таа.

Вели дека клиентите ги делела во две групи – оние кои бараат друштво и кои кон неа се однесуваат како девојка и оние кои се агресивни.

„Еден ме гледаше само кога неговата жена беше во шопинг, друг ми купуваше автомобили и ме водеше во Париз и Рим“, вели и додава дека во целата кариера имала една потенцијално опасна ситуација кога клиент ја нападнал.