Изнајмил стадион и хеликоптер за да ја запроси саканата: „Ова е сон на секоја девојка“

Џозеф Ракич од Нов Зеланд е главен лик на просидбата која на многумина им излегува на Фејсбук деновиве. Човекот изнајмил стадион за да ја запроси девојката Мими, а тука пристигнале со хеликоптер.

Откако и подарил розев „Ренџ Ровер“ изработен специјално за неа, Џозеф клекнал пред Мими и и подарил огромен дијамант.

Шокираната девојка се согласила да се омажи, а целиот потфат бил снимен и, секако, објавен на Инстаграм.

Запросувањето станало хит во светот и го пренеле речиси сите светски медиуми. Иако за многумина ова се чини премногу, многу жени и завидуваат на Мими на спектаклот кој го добила.

Џозеф инаку е личен тренер и е многу популарен на Инстаграм каде го следат 750 илјади луѓе.