Судот му забранил да контактира со родителите пет години: Постојано им барал пари

Метју Керли, 24-годишник од Велика Британија, добил судска забрана да контактира со родителите. Момчето не смее да контактира со родителите пет години, а тие помош побарале од властите бидејќи синот постојано им барал пари.

Како што пишуваат британските медиуми, 24-годишникот е обвинет за вознемирување, а веќе претходно бил осуден на условна казна бидејќи ги барал родителите најмалку 30 пати дневно и им барал пари, со што кај родителите предизвикал голем стрес и проблеми па најмиле адвокат и се обратиле во судот.

Бидејќи не се придржувал на судските наредби од 2017, судот сега повторно го осудил.

Родителите, Паул (60) и Корен (51), пријавиле дека постојано бара пари и лаже.

Не само што лажел, туку и ги навредувал родителите, а знаел да ги побара и среде ноќ.