1 300 работници ќе добијат субвенциониран одмор

Министерот за економија, Крешник Бектеши, информира дека 1 300 работници добиле ваучери за субвенциониран годишен одмор. Тој рече дека со оглед дека со оваа бројка ќе бидат исцрпени 20 милиони денари од предвидените 30, распишан ќе биде уште еден оглас кон крајот на август.

– Првиот повик покажа дека интересот за субвенциониран годишен одмор е зголемен за 68 отсто. Работниците може да ги користат ваучерите во еден од 30-те хотели со кои имаме потпишано меморандуми за соработка и зависно од цената на аранжманите, да престојуваат кај нив, два, три или седум дена, истакна Бектеши.

Единствен услов за добивање поддршка за годишен одмор е семејството на работникот кој аплицира да нема месечни приходи поголеми од 22 000 денари.