Бензините поевтинуваат за еден денар

Цените на бензините од ноќеска на полноќ ќе се намалат за еден денар, додека цената на дизелот ќе остане иста, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.

Новата цена на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 71 денар за литар, а на Еуросупер БС-980 73 денари за литар. Цената на дизелот останува на 63,50 денари за литар.

Малопродажната цена на екстра лесното масло за домаќинство се намалува за половина денар на 52 денари за литар.

Цената на мазутот М-1 НС се намалува за 0,09 денари на изнесува 33,695 денари за килограм.