Имате лажен профил? Погледнете што му направи македонската полиција на овој човек

Полицијата поднесе кривична пријава против 30-годишен тетовчанец затоа што креирал лажен профил на „Фејсбук“.

Според информациите на МВР, против С.Т. (30) од Тетово е поднесена пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци“. Во текот на април пријавениот креирал лажен профил на „Фејсбук“ од женско лице од Тетово.

Тој стапил во комуникација со неа, а објавил и фотографија со компромитирачка содржина од неа и ја уценувал да стапи во интимен однос со него.