ОБСЕ: Ограничувањето на слободите влијаеше на изборните резултати во Турција

izbori

Организација за безбедност и соработка на Европа (ОБСЕ) смета дека опозициските партии во Турција немаат еднакви услови за парламентарните и претседателските избори во земајата. Според организацијата, претдхоно ограничената слобода на медиумите била уште поголема поради вонредната состојба во Турција, пишува „Дојче веле“.

Набљудувачите од ОБСЕ дошле до заклучок дека опозициските партии немале развиено услови за спроведување на кампања.

„Слабото медиумско покривање и вонредните мерки ги насочија резултатите во полза на Ердоган. Тој и неговата владејачка партија имаат многу предности. Ограничувањето на слободата на говорот, слободата на медиумите и слободата на собирање, влијаеа врз резултатите од гласањето“, смета ОБСЕ.