Заев му ја честита победата на Ердоган

Претседателот на Владата, Зоран Заев, упати писмо со честитки до претседателот Реџеп Таип Ердоган, по повод победата на претседателските избори во Турција.

Заев во писмото до турскиот претседател, ги реафирмира традиционално добрите односи со Турција и изразува надеж за понатамошно унапредување на соработката во сите полиња од заемен интерес.

„Традиционалните пријателски односи помеѓу нашите две земји долги години се пример за меѓусебно разбирање и помагање во насока на развој на нашите општества и градење подобра иднина помеѓу нашите држави и нашите народи“, се наведува во писмото од премиерот Заев.

Во духот на долгогодишното пријателството, меѓусебна поддршка и соработка со Турција, Заев во оваа прилика напиша и дека ја очекува турската поддршка за аспирациите на Македонија за полноправно членство во НАТО алијансата.