(Фото) Вакво нешто во време на ДПМНЕ беше незамисливо: Високи функционери кои доаѓаат од СДСМ и ВМРО ДПМНЕ срдечно соработуваат за доброто на граѓаните

Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, денеска присуствуваше на свеченото отворање на новата градинка, „Бубамара“, која функционира како дел од ЈОУДГ „Рада Поцева“ во Кавадарци.

За опремување на овој објект, од буџетот на Министерството биле обезбеди над 1.4 милиони денари, а во адаптацијата на просторот со свои средства се вклучила и Општината Кавадарци.

„Главната задача што ја имаме наследувајќи еден разрушен систем е да ги зголемиме капацитетите преку изградба и адаптација на објекти. Со оглед на тоа што Кавадарци е една од општините каде што има голем недостиг на градинки за згрижување и воспитување на деца од предучилишна возраст, Министерството за труд и социјална политика во соработка со Општината заеднички пристапија кон решавање на оваа ситуација со адаптирање на простор во кој ќе се згрижуваат до 75 деца“, изјави министерката Царовска на свеченото отворање.

Од МТСП истакнуваат дека програмска цел на Владата e да се зголеми опфатот на деца во предучилишно образование за 50 проценти до крајот на мандатот. Од Министерството додаваат дека засега обезбедени се 931 вработување во градинките, а до крајот на годината, како што велат, вкупната инвестиција во изградба, опремување и адаптирање ќе биде 71 милион денари.