Важна вест за возачите кои поминуваат низ Плетвар или одат на Пиво Фест: Отежнат е сообраќајот и се одвива по една коловозна лента на ова место

Мермерна плоча тешка околу 20 тони попладнево падна на патот Градско – Прилеп, кај Каменоломот.

„На патниот правец А1 Градско-Прилеп, кај месноста Плетвар, кај Каменоломот, на едната коловозна лента паднала мермерна плоча од околу 20 тони“, информира АМСМ.

Од таму додаваат дека сообраќајот се одвива наизменично по едната коловозна лента.