Ги опушта нервите, гарантира мирен сон, обезбедува редовно празнење на цревата – еве зошто треба да го пиете овој сок

На зима, омилена напивка за многу луѓе е чајот од нане, поради убавиот вкус, пријатниот мирис, но и бројните лековити својства.

Сепак, сезоната на цветање на нането е лето, а ние ви претставуваме совршен начин да уживате во оваа моќна билка и за време на летото – подгответе освежувачки сок од нане и лимон.

Здравствени придобивки од сокот од нане:

– го зајакнува имунитетот и спречува развој на бактерии и вируси – ги опушта нервите и целиот организам – гарантира мирен и добар сон, спречува ноќно потење – помага кај проблеми со желудникот – ублажува симптоми од настинка и алергии

– го елиминира лошиот здив – ја подобрува циркулацијата – ги ублажува симптомите од менструација и менопауза – го забрзува метаболизмот и процесот на слабеење – обезбедува редовно празнење на цревата

Ви треба уште некоја причина за да ја направите оваа здрава напивка?

Состојки: 2 л вода, 200 гр шеќер, 10 врвови свежо нане, сок од 1 лимон

Начин на подготовка: Водата и шеќерот згответе ги, па кога ќе се излади додајте нане. Оставете да отстои 24 часа, а потоа процедете и додајте сок од лимон.

Овој сок се пие ладен, кога и да почувствувате жед.