Освежувачка јогурт салата

Лесна салата за жешките летни денови.



Состојки:

  • 500 гр тестенини
  • 150 гр кашкавал
  • 200 гр шунка Пекабеско
  • 2-3 обварени моркови
  • 15 кисели краставички
  • 1 кисела црвена пиперка или печена црвена пиперка
  •  1,5 л јогурт
  • 200 гр мајонез
  • сол


Начин на подготовка:

Во посолена и помастена вода обварете тестенини. Потоа измијте ги со студена вода, додајте малку масло и измешајте. Оставете ги да изладат.

Кашкавалот, шунката, морковите, краставичките и пиперката исечкајте ги на коцки, па додајте ги во изладените тестенини.

Потоа додајте 1 л јогурт, мајонез и сол, па сè добро измешајте, состојките да се поврзат.

Наредниот ден, откако тестенините ќе го впијат јогуртот, додајте уште 1/2 л јогурт.

Салатата сервирајте ја во чинии.

Добар апетит!

Loading...