Освежувачки колач со банани (ВИДЕО РЕЦЕПТ)

Идеален колач за оние кои сакаат лесен, освежувачки и не многу сладок десерт.



Состојки за фил:

  • 700 мл млеко
  • 2 кесички пудинг од ванила
  • 4 лажици шеќер
  • 50 гр маргарин


Состојки за кора:

  • 4 јајца
  • 4 лажици шеќер
  • 4 лажици брашно
  • прстофат сол
  • 3 лажици масло


Останати состојки:

  • 3 лажици џем од кајсии за премачкување
  • 3 банани
  • 150 гр шлаг


Начин на подготовка:

Одвојте околу 200 мл млеко и измешајте го со пудинг и шеќер, а останатото млеко загрејте го. Во загреаното млеко ставете го разматениот пудинг и мешајте на слаб оган додека не стегне. Во зготвениот пудинг додајте парче маргарин.

Додека филот се лади направете кора од наведените состојки. Прво разматете снег од белки во кој сте додале прстофат сол, потоа додајте шеќер и матете додека снегот не стегне. Во тоа додајте жолчки, а потоа брашно и масло. Печете во загреана рерна на 200 степени околу 15-20 минути.

Изладената кора премачкајте ја со џем од кајсии, преку редете фил и сечкани банани. Декорирајте со шлаг. Колачот послужете го отакако добро ќе излади.

Погледнете го видео рецептот на Милица Михаиловиќ:



Loading...