Поради штрајк на пилотите, откажани 30 отсто од летовите на „Ер франс“

Поради штрајк на пилотите се очекува францускиот авиопревозник „Ер франс“ денеска да откаже 30 отсто од планираните летови.

Синдикатот бара зголемување на платите за 6 отсто, со оглед на тоа што платите во „Ер франс“ се замрзнати од 2011 година, пренесува „Асошиејтед прес“.

Управата на компанијата вчера понуди зголемување од два проценти во текот на годинава, а вкупно 5 во следните три години. На синдикатите им е даден рок до крајот на неделата да се изјаснат дали ја прифаќаат понудата, но најголемиот синдикат на пилоти веќе соопшти дека ќе ја одбие.